Една година условна казна за екс-директорот на неврохирургија

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој е обвинет за поткуп, доби условна казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело.

 Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. При извршениот претрес во неговата работна канцеларија и во неговиот дом беа пронајдени поголема сума денари и девизи. 

По ова, Чапаровски беше приведен и помина 13 дена во притвор. Потоа судија на претходна постапка му го укина притворот и тој беше пуштен со гаранција да се брани од слобода. 

 

 

 

27.02.2018 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега