Амбасадорот Тимоние ќе ги информира француските бизнисмени за состојбата во „Еурокомпозит“

 

 Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние на денешната официјална посета на Прилеп, се сретна со градоначалникот Илија Јованоски и ги посети компаниите „Микросам“ и „Кули“. На средбата францускиот амбсадор истакна дека ќе ги информира француските компании за состојбата во „Еурокомпозит“ со цел изнаоѓање потенцијален стратегиски партнер. 

- Од пред неколку години се познати тешкотиите со кои се соочува тоа претпријатие. Станува збор за претпријатие со огромна традиција и е едно од ретките во Европа кои произведуваат муниција и се обидуваат да најдат потенцијални партнери, но треба самите индустријалци и стопанственици да си најдат заеднички интерес за соработка. Ние ќе направиме се за добро да ги информираме француските индустријалци и бизнисмени дека постои навистина можеби потенцијален интерес за инвестирање во оваа фабрика, рече францускиот амбасадор.

Според него, македонската Влада е расположена за зајакнување на односите со Франција на економски и на трговски план, а Прилеп поради својата динамика треба да си го најде заслуженото место во тие продлабочени и унапредени односи.

Градоначалникот Јованоски рече дека соработката со Франција може да се реализира преку проект за туристичка презентација на мариовскиот регион.

 

 

 

27.02.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега