Вооружен грабеж во бутик во Скопје

Вчера во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека околу  20:30  часот  во бутик на улицата „Никола Вапцаров“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво.

Како што информираат од МВР, сторителот  со закана со пиштол од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

27.02.2018 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега