Дипмоатско возило излета на Пресека пред Охрид

Возило со дипломатски регистарски таблици попладнево се излизгало кај планинскиот превој Пресека меѓу Охрид и Кичево.Од полицијата во Охрид за Алсат информираат дека за среќа предизвикана е само сообраќајна незгода без материјална штета.

Граѓани кои е движеле во правец на Кичево велат дека поради обилните врнежи се создала голема колона и оти чекале повеќе од еден час за да го продолжат патот.Снегот кој интезивно паѓа во Охрдско струшкиот регион предизвика и други проблеми.Има излизган камион на Македонија пат кај превојот Буково пред Ресен, како и неколку автомобили.Воведена е и забрана за движење на тешки товарни возила на Пресека и Буково.Полицијата има поставено и сообраќајни пунктови на излезите од Охрид во правец кон Ресен и Кичево.Од таму препорачуваат на пат да не се тргнува без некоја посебна потреба. И во близина на селото Косел кај Охрид попладнево лесно товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Поради незгодата во која е предизвика материјална штета, сообраќајот на овој потег од патниот правец Охрид – Ресен се одвива отежнато.

 

 

 

27.02.2018 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега