Страшна сообраќајка на булеварот Јане Сандански - се искршија две возила

Околу 11 часот и 30 минути на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ со улицата  „Васко Карангелески“ во Скопје дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Л.Е. од Скопје и патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Д.Л. од Штип.

Во судирот со тешки телесни повреди се здобила 64-годишната Н.Е. од Скопје-сопатничка во возилото „Ауди“. Таа со друго возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Возачот во возилото „Ауди“, Л.Е. се здобил со телесни повреди. Тој со возило на брза помош, исто така, бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

28.02.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега