Четворица скопјани во ист ден каснати од кучиња на најфреквентните места во градот

Во 10.45 часот во Полициската станица Центар, М.Ш.(34) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 08 часот и 45 минути на булевар „ВМРО“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Истиот ден во  11.30 часот во Полициската станица Центар,  И.С.(31) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 08.20 часот на плоштад „Македонија“  била касната од две кучиња скитници за  десната нога.

 
Потоа, во 15.40 часот во Полициската станица Центар, А.Т.(49) од Скопје пријавила дека истиот ден во 12.30 часот на улица „Максим Горки“ била нападната од глутница кучиња скитници и била гризната  за десната подколеница.

Во 16.15 часот во Полициската станица Центар, С.Б.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден во 12.00 часот на булевар „Илинден“ бил нападнат од глутница кучиња и бил гризнат  за десната подколеница.

 

 

 

28.02.2018 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега