Падна првиот притвор за функционер на новата власт

Јавното обвинителство отвори истражна постапка против, С.М., советникот на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.
 
„Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект“, велат од Републичкото јавно обвинителство.
 
Ценејќи дека се исполнети законските основи, додаваат од таму, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството е прифатен, па со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од триесет дена.
С.М. е првиот функционер на новата власт кој добива мерка притвор.
 

 

 

01.03.2018 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега