Транспортерите на ФЕНИ го прифатија предлогот на Еуроникел за исплата на побарувањата

 

 Транспортерите на ФЕНИ Индустри го прифатија предлогот од Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ за исплата на вкупите побарувања.

Со постигнатиот договор, како што информираат, се прекинува протестот на Здружението на киперските транспортери – Кипери Кавадарци и ќе се овозможи непречен и континуиран дотур на материјали во фабриката.

Вкупните побарувања што Еуроникел, претставништво на ГСОЛ им ги исплаќа на транспортерите се побарувања од фирмата Нова Логистик и се во вредност од 3,1 милиони евра.

 

 

 

02.03.2018 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега