Груби: Не верувам дека Асани кренал рака на полицајка, партијата нема да бара одговорност од сопартиецот

Не верувам дека Беќир Асани кренал рака, особено не на полицајка, изјави Артан Груби, пратеник и сопартиец на Асани во емисијата „Топ тема“

Тој во емисијата „Топ тема“ рече дека партијата нема да застане во одбрана на Асани, но и оти нема да бара одговорност од сопартиецот. Според Груби, одговорност, доколку ја има, треба да бара обвинителството. Груби рече да не се банализира случајот со Асани.

Полицајката која вчера беше нападната од Асани, денеска на средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тврд дека функционерот на ДУИ само вербално ја нападнал а повредите ги добила случајно удирејаќи се во пајак возилотот.
Полициската службеничка Јасмина Јаначковска настанот лично му го објаснила на Спасовски.

 

 

 

02.03.2018 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа