Денеска прва официјална средба на Мицкоски и Ахмети

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Спорот за името, реформските закони, дијалогот власт-опозиција ќе бидат темите на денешната прва  средба. На средбата не се очекува да се разговаа за Законот за јазиците, бидејќи како што кажа Артан Груби на телевизиска дебата, таа работа за ДУИ е завршена.

Мицкоски рече дека очекува оваа средба да биде успешна.

-Тоа ќе биде наша прва официјална средба откако сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ иако веќе имавме неколку средби, најпрво во Клубот на пратеници, па една полуофицијална средба заедно со претставници на меѓународната заедница. Се договоривме да се видиме и еве, таа средба ќе се оддржи во сабота. Ќе се обидеме да дискутираме за реалните проблеми, за актуелната политичка и економска ситуација во државата, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања во Стопанската комора.

 

 

 

03.03.2018 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега