Пипан: Десет пати ја погледнав снимката - нанесена ни е голема неправда

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Пипан, синоќа на прес-конференцијата не сакаше да ги коментира спорните моменти во завршницата од мечот со Црна Гора, пред да ја погледне снимката. Откако ја погледна снимката, Пипан денеска н јавно ја искажа разочараноста од одлуката.

- Ја погледнав снимката десетина пати и многу сме погодени и разочарани. Се случи голема неправда. Судијата најпрво го призна кошот, а потоа под притисок на другите двајца судии ја промени одлуката. Не знам зошто таква одлука и зошто ФИБА Европа не реагираше. Професионалци сме и затоа сега брзо треба да заборавиме на нервозата и да се фокусираме на натпреварот со Литванија кој за нас ќе биде своевиден поправен испит, е изјавата на Пипан пренесена на официјалната веб страна на МКФ.

Вечерва од 21 часот противник на македонските кошаркари ќе биде селекцијата на Литванија.

Па, да навиваме за нашите кошаркари!

05.09.2013 - 15:21
Фото: 
Кирилица

најчитано сега