Апостолоски: МВР да излезе со информација за напаѓачот кој избоде момче на „Рекорд“

Разочарувачки е што за раководството на СДСМ во Министерството за внатрешни работи поприоритетно е да го заштити угледот на некој партиски насилник, отколку да излезе со информација за напаѓачот кој среде бел ден, во центарот на градот, избоде 17 годишно момче, вели Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Трет ден како МВР молчи за нападот на автобуската станица Рекорд, а момчето сè уште се наоѓа во болница и неговиот живот е загрозен. МВР ниту има откриено сторител, а уште помалку го има изведено пред лицето на правдата. УМС и ВМРО-ДПМНЕ повикуваат органите задолжени за безбедноста на граѓаните, а раководени од СДСМ, да почнат да ја работат работата за која се платени и да го разрешат овој и другите случаи каде што граѓаните се загрозени“, рече тој.

Со несанкционирањето на криминалците, додаде Апостолоски, СДСМ се промовира во нивен сојузник. „Во Чаир момче беше изрешетано и убиено на автобуска постојка и никој за тоа не одговораше. Убиен беше Дилавер Бојку на плажа во Струга и повторно сторителот не беше фатен. Црната хроника секокдневно е полна со разбојништва во банки, аптеки, менувачници. Едноставно криминалците владеат“, рече тој.

 

 

 

03.03.2018 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега