Јаневски: Не очекува тежок натпревар - би бил презадоволен со две победи

На денешната прес-конференција селекторот на Македонија Чедомир Јаневски ги искажа очекувањата пред следните две квалификациски средби, а посебно се осврна на утрешниот дуел со Велс.

- Не очекува тежок натпревар без разлика дали ќе игра Бејл или не. Задоволен сум од пристапот на играчите изминативе денови. Мораме да имаме поголем посед на топка и да ги надминеме грешките кои ги имавме над претходните дуели. Би бил среќен со шест бодови иако двата ривала за почит. Презадовоен би бил со две победи, потенцира Јаневски.

Главната опасност на Велс секако е најскапиот играч на светот Герет Бејл од Реал Мадрид.

- Ќе треба да внимаваме на Бејл, особено да го блокираме ако дојде во зоната на шут од 30 метри, каде е навистина опасен. Очекувам и помош од трибините, бидејќи ова ќе биде многу важно за фудбалерите, рече македонскиот селектор.

За составот со кои 11 играчи ќе настапи Јаневски ќе реши по денешниот вечерен тренинг.

Натпреварот Македонија - Велс ќе се одигра утревечер со почеток во 19 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

05.09.2013 - 16:07
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега