Нападнат полицаец во Свети Николе - го гризнал за рака, со тупаници и клоци го удирал по глава

Вчера околу 20:30 часот на улицата „Ќикевачка“ во Свети Николе, 45-годишниот Ј.А. од Пробиштип физички нападнал полициски службеник.

Имено, двајца полициски службеници отишле на местото по пријава за физички напад од страна на Ј.А. врз лицата З.М. и М.М од Свети Николе.

Кога пристигнале на местото, полициските службеници му наредиле на Ј.А. да се оддалечи од дворот на З.М. Тој не ги послушал и продолжил да вика и да упатува закани по животот кон едниот полициски службеник. Кога се обиделе да го приведат, Ј.А. физички го нападнал едниот полициски службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а го гризнал два пати во пределот на десната рака. Откако дошло засилување, Ј.А. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош  во Јавната здравствена установа Свети Николе. За настанот бил запознаен Јавен обвинител.

 

 

 

04.03.2018 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега