Ограбена аптека во Скопје

Синоќа околу 19 часот и 15 минути  непознат маскиран сторител извршил разбојништво во аптека на улица „Народен Фронт“ во Скопје.

Во сопштението од полиција се вели дека сторителот со закана со нож од вработените го одзел дневниот промет, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

04.03.2018 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега