Денеска средба Мицкоски – Заев
Лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, денеска ќе остварат средба, дознава Press24 од партиски извори.
Според информациите на средбата ќе се разговара за актуелните состојби, но пред се ќе се разменат информации околу спорот за името.
Од последната средба во клубот на пратеници имаше уште неколку средби меѓу преговарачките тимови на двете партии. Денешната средба е закажана за 19 часот во Владата на Р.М. Информацијата за Press24 и официјално ја потврдија партиите.
04.03.2018 - 13:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа