Едно лице загина во сообраќајка попладнево на автопатот Скопје-Гевгелија

Денеска околу 13 часот на автопатот Скопје-Гевгелија кај село Удово 40-годишниот Т.П. од Кавадарци, управувајќи моторцикл „Хонда“ удрил во задниот дел од патничко моторно возило „Волксваген голф-4“ со бугарски регистарски таблици, управувано од бугарскиот државјанин А.Д.П..

Со возило на Итна медицинска помош Т.П. е пренесен во Медицински центар-Велес, каде е констатирана смрт.

Полицијата врши увид. Сообраќајот се одвива со неизменично пропуштање.

 

 

 

04.03.2018 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега