Крвава ноќ во Кочани: Татко го избоде синот со нож

Вистинска драма пред полноќ се одвивала во селото Теранци, кочанско, кога дошло до расправија и физичка пресметка помеѓу 75-годишниот Д.С. и неговиот син, 38-годишниот  Д.С.

Во пресметката, таткото со нож му нанел две убодни рани на синот. Тој бил пренесен во Медицински центар Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Таткото бил приведен во Полициската станица Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

05.03.2018 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега