Со туѓи пасоши сакале да поминат граница - македонската полиција ги фати

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид полицијата привела двајца косовски граѓани кои се обиделе со туѓи пасоши на македонски државјани да ја поминат граничната контрола. 

- На 4 март година во 18 часот и 20 минути, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин - Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „послуга со туѓа патна исправа“ ги привеле лицата Б.А. (34) и Е.Р. (35), двајцата од Косово. Тие приложиле македонски патни исправи со податоци за лицата С.Д.  (29) од Крушопек, општина Сарај и Р.М. (46) од Сингелиќ, скопско, информира МВР. 

 

 

 

05.03.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега