Вооружен грабеж на бензиска во Маџари

Двајца непознати сторители доцна синоќа ограбиле бензинска пумпа во скопската населба Маџари, одземајќи околу 10.000 денари.

Како што соопшти полицијата, разбојништвото се случило во 01 часот и 20 минути откако, најпрво, сторителите им се заканиле на вработените со пиштол по што ги земале парите и избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

05.03.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега