Драма за скопјанец: Го тепале со ланци и секира пред внучињата

42-годишниот И.И. од Скопје пријавил дека околу 22 часот и 50 минути синоќа, додека седел во неговата куќа со неговите внуци, дошле 47-годишниот Е.Г. и 27-годишниот К.Г. кои физички го нападнале.

Тие го удирале со ланец кој го носеле со себе, а потоа и со секира која ја одзеле од И.И. со што му нанеле видлива повреда  во пределот на главата.

По преземени мерки двете лица биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

05.03.2018 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега