Поплави во Струга, под вода над 100 хектари земјa

 

Во струшко Калиште формирано е вештачко езеро во близина на Охридско езеро. Поради дождот и топењето на снегот, поплавени се 100 хектари земјоделско земјиште. Жителите велат дека најголема причина за ова не е брзото топење на снегот, колку што е нечистењето на каналите од властите, објави Алсат М.

Водата од преплавениот канал што доаѓа од селото Радолиште до Калиште тече директно во полето, кое што целосно е под вода. Според жителите, овој канал не е исчистен повеќе од десет години.

Исто така, постои опасност од поплавување на патот и со тоа целосно изолирање на регионот. Водата од каналот веќе почна да се излева на патот.

Жителите бараат, локалните власти во Струга и државата да започнат со чистење на каналите во Струга. Тие се плашат дека со пролетните дождови ситуацијата може дополнително да се влоши и да имаа поголеми поплави.

 

 

 

05.03.2018 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега