Снимките прифатени како доказ: На Заев ќе му се суди за „Поткуп"

Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Судијата денеска го одби предлогот на одбраната на Заев да бидат отфрлени посебните истражни мерки на обвинителството како незаконски и да не важат. Така, советот на Основниот суд Скопје 1 на чело со Тодоровски одлучи дека Снимките од ПИ-мерките се стекнати легално, на законски начин и го отфрли барањето, пренесе Сакамдакажам.

Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето.

 

 

 

06.03.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега