Америка се крена на нозе: 25.000 долари за информација за исчезнатата девојка од Скопје

 

Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адеа Шабани.

Според полицискиот оддел во Лос Анџелес дваесет и пет годишната Адеа исчезнала на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности.

- Последен пат е видена во близна на блок 1700 во Wilcox Avenue, неколку блокови оддалеченост од познатиот кинески театар во центарот на Холивуд, не многу далеку од местото каде што живеела. Пријателите изјавиле дека ја оставила вратата отклучена, што подразбира дека очекувала брзо да се врати. Загрижените пријатели ја пребарувале областа, надевајќи се дека ќе најдат некакви траги, а нејзината мајка веднаш допатувала од Македонија, од каде што е нејзиното семејство, јавуваат албанските медиуми.

Оние што ја знаат Шабани во почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш тие се јавиле вој полицијата во Лос Анџелес.

 

 

 

06.03.2018 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега