Екс-директорот на Центарот за јавно здравје Охрид земал пари со туѓи патни налози

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (56) поранешен директор на Центарот за јавно здравје во Охрид, како и против 48-годишната М.М., претседател на Управниот одбор на истата установа.

Првопријавениот истрага, во периодот од 2012 до 2017 година ја злоупотребил службената положба и овластување, оштетувајќи ја здравствената установа во износ од 261.773 денари. Тој на 96 патни налози и патни сметки за службени патувања при ставање гориво не го впишувал регистарскиот број од табличките на возилото со намера да прикрие дека користел приватно возило за свои потреби во кое се ставало горивото, иако здравствената установа имала четири службени возила.

Дополнително пријавениот А.М. набавувал патни сметки од други лица и други патувања по што ги спојувал со фалсификуваните патни налози во кои лажно прикажувал дека бил на службен пат. Потоа А.М. во ракопис изготвувал лажни несоодветни извештаи од службените патувања, непоткрепени со соодветни акти и свесно прикажал направен трошок за гориво кој воопшто не бил направен за службени потреби

 Потоа А.М. во ракопис изготвувал лажни несоодветни извештаи од службените патувања, непоткрепени со соодветни акти и свесно прикажал направен трошок за гориво кој воопшто не бил направен за службени потреби.

Со така подготвените сметки за патарини и фалсификуваните патни налози, А.М. побарал од благајната на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ да му се исплатат паричните средства. Фалсификуваните сметки за искористеното гориво за приватни потреби, ги приложувал во службеното сметководство на здравствената установа за поврат на платени средства подигнати како аванс, наводно за службени потреби.

Второпријавената Н.Н., пак, во својство на претседател на управниот одбор на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Охрид, во периодот од 2012 до 2017 година со неизвршување на својата службена должност односно со свесно пропуштање на вршење на должен надзор над патните налози кои и биле доставени за одобрување и заверување, му овозможила на првопријавениот А.М. да се стекне со посочената противправна парична корист. 

 

 

 

06.03.2018 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега