Заев пред Судот: Невин сум, обвинението е бесмислено

 

Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата.

- Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено, рече Заев пред судот.

Според него, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР да се постигне целта, а тоа е тој како тогашен лидер на опозицијата да престане со проектот Вистината за Македонија односно т.н., бомби. Тој очекува дека со прегледувањето на доказите да се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на тој храм, што било прифатено од нив. 

 

 

 

06.03.2018 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега