Седницата за Законот за јазиците презакажана за 15 часот

 

Собраниската седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците и над 35.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, е презакажана за 15 часот.

Во Собранието се народните избраници од сите пратенички групи кои одржуваа координации, вклучувајќи ги и оние од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Нема информации каков ќе биде исходот од седницата, дали воопшто ќе се расправа за амандманите или точката ќе биде прескокната. Продолжението на 32. седница беше закажано за 12 часот.

На оваа седница има и други точки на дневен ред меѓу кои и измените на законите со кои ќе се намалат патните трошоци за пратениците и избраните и именуваните лица.

 

 

 

06.03.2018 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега