Полицајката Јасмина со молчење си замина од Обвинителството

 

Полицајката Јасмина Јаначкова, која минатата недела беше нападната од Беќир Асани, затоа што му пишувала пријава за погрешно паркирање, денеска во Јавното обвинителство во Скопје даваше исказ за настанот. По еден час поминат внатре, таа одби да даде изјава за медиумите.

Полицајката по настанот се сретна со Оливер Спасовски и рече дека сама се удрила во пајакот.

-Во текот на  вршењето на редовна контрола забележав неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги  фотографиравме, и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници- рече Јаначковска. На прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска  објасни, дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа  при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во ГОБ Св. Наум Охридски, стои во соопштението на МВР.

 

 

 

06.03.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега