Падна договор: Николовски и Љајиќ потпиша за брашното
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, денеска во Скопје потпишаа Договор согласно кој за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија.
- Ова е почеток на долгорочно решавање на сите проблеми меѓу двете влади во делот на земјоделството и трговијата, изјави Николовски по работниот состанок во Скопје.
Николовски соопшти дека Македонија и Србија ќе формираат комитет за натамошна соработка и за надминување на сите отворени прашања.
Љајиќ изрази очекување дека за еден месец Србија и Македонија на системски начин ќе го решат овој проблем.
- Недвосмислено покажавме политичка подготвеност за отстранување на сите царински бариери, рече Љајиќ и додаде дека целта на двете земји е трговската размена од сегашните 760 милиони евра годинава да достигне милијарда евра, а тоа е можно сако ако се елиминираат пречеките.
Македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договореното, ќе биде сменет уште денеска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа