Села: ДУИ да ја преиспита позицијата во Владата

 

Лидерот на Алијансата на албанците, Зијадин Села денеска истакна дека повлекувањето на Законот за јазиците го сметаат за предавство, бидејќи сегашната Влада е формирана токму поради условот  за донесување на Законот за употреба на јазиците и оти пратениците на Алијансата биле гарант за мнозинството во Парламентот, објави Алсат М.

Овие политички игри на СДСМ ми личат на нејзино враќање на својот идентитет и својот извор. Овој Закон за употреба на јазиците требаше да се донесе во 2004 година како нормативен дел од Охридскиот договор. Токму СДСМ и ДУИ беа тие кои не го донесоа овој закон тогаш“, изјави Зијадин Села – Претседател на Алијансата за Албанците

Тој додадедека во ововј случај ДУИ веќе треба да ја преиспита својата позиција на власт.

Ова е кршење на договорот и мажите во овие случаи се знае каков чекор треба да преземат. Ако имаат мажественост и се одлучни во креирањето на политиката, ДУИ мора да седне и да разговара за ова прашање со Зоран Заев и ако не помине Законот за употреба на јазиците, мора да ја напуштат владата“, вели Села

Од движењето Беса кое во првото и второто читања гласаше за Законот велат дека се загрижени бидејќи не успеа неговото донесување. Од овој субјект повторуваат дека и понатаму ќе го поддржуваат законот.

Ние сме сериозно загрижени бидејќи мнозинството не успева да го донесе законот на пленарна седница. Рековме дека овој закон не го официјализира албанскиот, туку го унапредува, оставајќи ја отворена темата, но како и да е и како таков ние ќе го поддржиме. Ние сме тука да помогнеме, а не да блокираме“, велат од Движење Беса

Од ДУИ денеска не сакаат да ја коментираат оваа одлука. Велат дека стојат зад ставовите на Талат Џафери, не давајќи детали како ќе дејствуваат ако и понатаму законот остане блокиран во Парламентот. Од повторното влегување во собраниска процедура, законот не претрпе никакви промена и покрај многуте амандмани.

 

 

 

07.03.2018 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега