Мицкоски по средбата со Гаши: Разговаравме околу актуелната економска и политичка ситуација во државата

 

Денеска имавме средба со господинот Гаши. Разговаравме околу актуелната економска и политичка ситуација во државата. Разговаравме за сите теми кои се актуелни во моментот во државата, повеќе беше протоколарна средбата на негово барање се разбира, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ги претстави идните погледи и визија за како понатаму планираат како партија да се развиваат се разбира. Ние дадовме наши факти и аргументи како ја гледаме моменталната политичка ситуација во државата. Така да генерално тоа беа темите актуелни и во изминативе денови, потенцираше Мицкоски.

 

 

 

08.03.2018 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега