ВМРО-ДПМНЕ избира нов претседател на општинскиот комитет во Куманово
До недела трае пријавувањето за претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во 76 општини во Република Македонија, меѓу кои и во Куманово.
Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Игор Божиновски истакна дека сите кандидати имаат подеднакви исти шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успеси во минатото, дадениот допринос и вложеност во активностите на партијата, како и визија за иднината на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ги повикувам и охрабрувам сите членови на општинскиот комитет во Куманово кои се чувствуваат подготвени и мотивирани за огромните предизвици кои претстојат, како пред ВМРО-ДПМНЕ, така и пред Република Македонија, да се вклучат во рамноправната и демократска трка за исклучително одговорната функција во партијата“, - изјави Божиновски.
Тој додаде дека сликата за ВМРО-ДПМНЕ се менува во модерна партија, заснована на силните традиции на оваа земја и со современи погледи за иднината, која ќе донесе посигурна и посветла иднина.
Досега општинскиот комитет го водеше Драган Петковски, на кој четиригодишниот мандат му заврши на почетокот на месецот.
Кандидатурите на сите заинтересирани треба да се достават најдоцна до 11.03.2018 година во седиштето на партијата во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа