Скопјанец го нашол своето возило искршено на паркинг

Доцна синоќа во 23 часот и 20 минути, 24- годишниот Ј.М од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 21.35 до 22.40 часот на паркинг некој му го искршил возилото.

Имено на паркинг простор на улица „Никола Русински" од страна на непознат сторител му било оштетено патничко моторно возило „Мерцедес" со скопски регистарски ознаки.

Во соопштението од МВР се вели дека сторителот со употреба на тврд предмет го скршил задното  ветробранско  стакло.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот

 

 

 

09.03.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега