Македонец измамил српски државјанин- му ги земал парите па не се појавил

 

Српски државјанин вчера во Полициската станица Ресен пријавил дека е измамен од ресенчанецот У.А, од кој требало да откупи јаболка. 

Ксако што соопшти МВР, пријавителот В.Ш. (40) од Ческовац, заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со ресенчанецот, по што заедно заминале за село Царев Двор, каде во магацинот на У.А. гледале јаболка за откуп, по што отишле во неговата канцеларија.

- Во канцеларијата У.А. им побарал 2.000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден. Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил. Тогаш В.Ш. сфатил дека  е измамен и случајот го пријавил во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

09.03.2018 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега