Детали за пожарот кој избувна во зграда во Тафталиџе

Попладнево изби пожар во зграда во скопско Тафталиџе, а за среќа оганот кој пламнал во два стана во изградба брзо бил изгасен.

Како што пишува НОВА, командирот на скопската Противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски, вели дека пожарот избил додека работници работеле на објектот а се претпоставува дека причина за пожарот била искра за време на изведување на градежни активности врз стиропорна фасада.

За среќа брзо е изгаснат и нема повредени работници.

 

 

 

09.03.2018 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега