ЕКСКЛУЗИВНО: Уапсен висок функционер во МВР близок до Оливер Спасовски

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи, исклучително близок до Министерот Оливер Спасовски попладнево е приведен под сомение за поткуп, неофицијално дознава Press24 од добро упатени полициски извори.
Нашиот извор вели дека станува збор за лицето Д.С. кој извршувал исклучително високи функции во полицијата. Тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Според неофицијалните информации делото кое му се става на товар е злоупотреба на службената положба и овластувања.
Се уште нема информации на кој начин било откриено евентуалното кривично дело.
Приведениот важел за човек од доверба на Спасовски, а имал функција и во техничката влада. Од МВР се уште нема ниту потврда ниту демант на оваа информација.

 

 

 

09.03.2018 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега