Уапсениот соработник на Спасовски бил во потесниот круг за прв човек на СВР Скопје

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи, исклучително близок до Министерот Оливер Спасовски попладнево е приведен под сомение за поткуп,  дозна Press24 од добро упатени полициски извори. 
Нашиот извор вели дека станува збор за лицето Д.С. кој извршувал исклучително високи функции во полицијата. Тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Според неофицијалните информации делото кое му се става на товар е злоупотреба на службената положба и овластувања. 

Според информации на Фокус, тој му бил советник на министерот и бил во трка за прв човек на СВР Скопје.

Не се соопшуваат детали.

 

 

 

09.03.2018 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега