Уапсениот советник на Спасовски ноќта ја поминал во полиција - од денес во рацете на Обвинителството

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи, исклучително близок до Министерот Оливер Спасовски вчера беше приведен под сомение за поткуп, дозна Press24 од добро упатени полициски извори. 

Станува збор за лицето Д.С. кој извршувал исклучително високи функции во полицијата, а бил приведен во полициската станица Кисела Вода. 

Членот на кабинетот на министерот за внатрешни работи ноќта по приведувањето ја минал во полициска станица, пренесе Телма.

-По налог на Основното јавно обвинителство денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – злоупотреба на службена положба и овластување, соопштија вчера од МВР.

Од обвинителството најавија повеќе информации во текот на денот.

 

 

 

10.03.2018 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега