По три месеци пријавил дека исчезнало дете од домот „11-ти Октомври“

Во 21 часот и 15 минути синоќа, вработен во Јавна установа Центар за социјална работа - Скопје, пријавил дека 17- годишна девојка, на која и е старател по службена должност и е сместена во Детски дом „11-ти Октомври“, не се појавила во домот од 21.12.2017 година.

Старателот посочил дека девојката почесто самостојно ја напуштала установата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

 

10.03.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега