Страшна сообраќајка во Македонија: Жена итно на Ургентен

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот во Тетово на булевар „Видое Смилевски Бато“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот М.Р. од Тетово и патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Н.Р. од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката од возилото „Голф“ Н.Н.(21) од Косово, која по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово е префрлена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

10.03.2018 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега