Група малолетници со шипки тепале дете пред школски двор во Скопје

Во 17 часот и 10 минути вработен во СУГС „Арсени Јовков“ пријавил дека на улица „Костурска“ надвор од училишниот двор физички бил нападнат 16- годишен ученик од село Студеничани, скопско.

Според пријавата, ученикот бил нападнат со метална палка од страна на 16- годишно лице, а потоа во физичкиот напад се приклучила и поголема група на малолетни лица, кои си размениле по неколку удари со тупаници и клоци.

На нападнатиот му се констатирани телесни повреди во пределот на лицето и телото. По преземени мерки и активности, во полициска станица е извршен разговор со едно 16- годишно лице кое е можен сторител на делото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите малолетни лица, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

10.03.2018 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега