Скопјанец паднал од три метри на плочник - итно пренесен на Ургентен

Во 14 часот и 30 минути во село Визбегово, скопско во магацин на фирмата “Штил“, 65-годишниот С.З. бил повикан да земе мерки за да направи ограда.

Истиот додека се симнувал по скала, паднал на плочникот од височина од околу 3.5 метри. 

Со приватно возило веднаш бил однесен во Градска општа болница “8-ми Септември“ од каде е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза".

 

 

 

11.03.2018 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега