Две крвави тепачки во Скопје

30 минути по полноќ пред ноќен клуб на улица "Јордан Мијалков" од страна на група непознати сторители бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над лицето Н.Б.(25) од Скопје. Од физичкиот напад оштетениот се здобил со видливи повреди скршеница на горната вилица, оток и други повреди на главата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Во 15,30 часот Г.Р.(23) од Скопје пријавил дека додека седел во угостителски објект во старата скопска чаршија, му се приближил Ј.М. и го повикал Г.Р. да излезе надвор од локалот, по што заедно со уште две непознати лица физички го нападнале. Г.Р. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“. Ј.М. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

11.03.2018 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега