УХМР издаде предупредување: Македонија денеска во жолта фаза
Врнежи од дожд најавуваат метеоролозите до крајот на оваа недела. Врнежите се очекува да почнат денеска во попладневните часови и со променлив интензитет да траат се до завршувањето на викендот.
Температурите не се очекува да се намалат. Ќе се движат од 15 до 25 степени во текот на денот а нема да се спуштат под 5 наутро.
За денеска УХМР издаде и предупредување од жолта фаза како опасност од невреме со грмотевици.
12.03.2018 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа