Уште се чека вештачењето на дедото на Тамара - рочиштето повторно одложено

Повторно се одложи судењето за Љупчо Стојановски кој е обвинет за обид за убиство на поранешиот министер за здравство Никола Тодоров.Причината за одложувањето е новото вештање на психичката состојба на обвинетиот, кое сѐ уште не е завршено.

Вештачењето за психичката состојба на дедото на Тамара ќе покаже дали Стојановски во моментот кога пукал во Тодоров бил пресметлив. Претходно, Апелација ја прифати жалбата на одбраната на обвинетиот, која го оспори вештачењето на обвинителството, бидејќи го изработиле вештаци со истечени лиценци.

Стојановски се наоѓа во притвор поради постоење опасност од бегство и повторување на истото кривично дело.

 

 

 

12.03.2018 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега