Владата протестираше со новинарите на кои им се закануваа политичари од власта

Новинарите денеска со пароли протестираат пред Влада  и го изразуваат своето незадоволство поради случајот со претседателот на ЗНМ кој реагираше за нападот од високиот функционер на ДУИ Беќир Асани врз полициска службеничка која интервенирала со „пајак“ за да го крене неговото возило.

На протестот се придружија и Роберт Поповски, министерот без ресор и портпаролот на владата, Миле Бошњаковски.

Поповски на протестот истакна дека во име на сите коалициони партнери во владата го осудува овој вербален напад врз новинари.

– Оваа влада има нула толеранција за напад врз новинари. Никој нема да биде заштитен. Сите граѓани и медиуми имаат обврска слободно да си ја вршат работата. Но, не е владата единствената институција. Тука мислам на Јавното обвинителство затоа што министерството за внатрешни работи си ја заврши беспрекорно работата. Кога имате забелешки, чувство за притисок слободно информирајте не. Цензурата е забранета со Уставот на РМ – истакна Поповски.

 

 

 

12.03.2018 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега