Спасовски-Божиновиќ: Полициите на Македонија и Храватска пример за добра соработка

Соработката меѓу македонската и хрватската полиција e пример за добра соработка меѓу две земји, оценија денеска во Загреб министрите за внатрешни работи на Македонија и Хрватска Оливер Спасовски и Давор Божиновиќ.

Како што соопшти МВР на средбата се раговарало за прашања кои се од заеднички интерес за двете држави, за интензивната соработка меѓу македонската и хрватската полиција но и за мигрантската криза, каде што Македонија и Хрватска соработуваат од првиот момент на  т.н. западнобалканска рута. Спасовски им оддал признание на хрватските полицајци,  кои што заедно со македонските полицајци учествувале во обезбедувањето на границата.

- Разговаравме и за продлабочување на соработката во борбата против криминалот и корупцијата, пред се организираниот криминал и трговијата со оружје и наркотици, истакнал Спасовски. 

Според министерот Божиновиќ, Македонија и Хрватска имааат интензивна соработка особено кога се зборува за размена на информации, соработка поврзана со борбата против тероризмот и миграцијата. 

 

 

 

12.03.2018 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега