Утре ново задолжување од 93 милиони евра

На официјалната интернет страна на Министерството за финансии стои дека утре е планирана нова аукција на државни хартии од вредност.

Имено, Министерството за финансии ќе се задолжува за вкупно 5.725.000.000 денари или вкупно 93 милиони евра.

Ова е трето задолжување во рок од три недели, откако претходната недела државата се задолжи 56 милиони евра, а пред тоа 33 милиони евра.

Планирана е аукција на 3 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари потоа 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 600.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4.125.000.000 денари.

Експертите велат дека со вакво прогресивно темпо на задолжување при отсуство на капитални и развојни инвестиции кои би значеле поврат на парите и долгорочен бенефит за државата економијата ќе доживее колапс.

 

 

 

12.03.2018 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега