УХМР најавува дождови -и предупредува на можни локални излевања и поплави

Се очекува зголемување на водостоите во горниот дел од сливовите на Вардар, Треска, Црна, Радика, Сатеска, Црн Дрим и Голема (Ресенска) ако поради најавениот дожд попладнево и за време на ноќта наврнат 25 литри на метар квадратен, особено во западните делови од земјата, соопшти УХМР.

Доколку дождот биде распространет на поголема површина, не само локално, можни се локални излевања на реките во посочените сливни подрачја, а ако на места врнежите се поројни, како што се најавува, можни се брзи истекувања и локални поплавувања во помалите речни сливови и суводолиците во западниот и североисточниот дел на земјата.

УХМР предупредува на претпазливо следење на состојбата и внимателно движење покрај реките и суводолиците.  

Покрај дождот, за зголемување на нивото на водата придонесува и топлото време кое продолжи да го топи снегот на повисоките места, посебно Шар Планина, Кораб, Бистра и планинскиот масив Јакупица. 

 

 

 

12.03.2018 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега