Видео: По две години Славица ќе има нормален живот - по сторијата на Сител сместена во Дом

 

По сторијата на Сител за мизерните услови во кои веќе 2 години живее 55 годишната  прилепчанка Славица Вељаноска, во куќарка пред распаѓање, без струја, со многу малку храна и без затоплување, денеска таа беше сместена во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од страна на стручните служби од Центарот за социјална работа од Прилеп.

Вељаноска искажа благодарност што после долго време ќе има нормален живот. Таа и претходно, пред неколку години, била сместена во овој дом.

„Однапред се заблагодарувам од ваша страна и од страна на државнава институција што ми помогнаа, ќе ми биде нормално подобро тука отколку дома“, вели Вељаноска.  

Од Центарот за социјална работа истакнаа дека во соработка со Домот за стари лица и Општина Прилеп успеале да ја згрижат Вељаноска која се сместила по соптвено барање и волја.

„Институционално согласно можностите и законот да излеземе во пресрет онака како што ии таа посакуваше, таа овде не е дојдена на сила туку нејзините очекувања беа вакви, какви што денеска можевте да ги видите“, изјавии Живко Силјаноски, директор на Центар за социјална работа – Прилеп.

Вељаноска не испрати со надеж дека конечно ќе има пристојни услови за живот, храна, струја, вода, затоплување и нормален социјален живот.

 

 

 

12.03.2018 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега